|

Откриен е бугарски грб со лав од 14 век на Перперикон

На Перперикон е пронајдена апликација од бронзен појас со извонредно изведен релјеф на лав. Според проф. Николај Овчаров ова е доказ за постоењето на бугарски грб уште од 14 век.

Тој нагласи дека ова е хералдичка слика и одговара на lionpassant или „лав во движење“.

„Опашката е крената на карактеристичниот начин преку грбот, а јазикот е исплазен. До овој момент го имаме лавот во различни пози како сведок за грб на бугарските цареви. На сребрените монети на царот Иван Шишман има разгневен лав. Станува збор за оној што го гледаме на нашиот државен грб. Лавот изразува храброст, борбеност во битките. Невозможно е да се каже кому му припаѓал наодот бидејќи лавот во таква поза може да се појави не само кај царот, туку и на штитовите на војниците“, објасни Овчаров.

На Перперикон во последниот месец се пронајдени вкупно 200 наоди, меѓу кои има печати од византиски книги за соништа, икони. Ископувањата таму ќе продолжат до почетокот на ноември.

Фото: БНР

Слични Објави