| |

ОТКРИЕНИ СЕДУМ МИГРАНТИ, МВР ПРИВЕДЕ ДВЕ ЛИЦА ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 10.11.2019 околу 09.00 часот во близина на угостителски објект на регионалниот пат Валандово – Струмица, полициски службеници од СВР Струмица пронашле седум лица – мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак.

-По преземени мерки, полициските службеници, во близина на вештачко езеро во атар на село Белотино, пронашле две патнички возила„ ауди А8“, со скопски регистарски ознаки и од слобода ги лишиле Н.Б.(31) и Б.И.(37), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“- соопштува МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Криумчарите на мигранти и Н.Б. и Б.И. биле предадени на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Слични Објави