|

Откриено е што е воениот објект пронајден во шума во Полска

Воен објект пронајден во шума во северна Полска е проектил земја-воздух долг неколку метри, објави приватната радио станица RMF FM, повикувајќи се на „неофицијални информации“.

Полските власти соопштија дека во северна Полска во близина на градот Бидгошч се пронајдени остатоци од воен објект, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за откривање на некој вид објект во областа.

Wydział Wojskowy Prokuratury Okręgowej w Gdańsku, pod nadzorem Prokuratury Krajowej, wszczął postępowanie w sprawie szczątków powietrznego obiektu wojskowego znalezionego w lesie kilkanaście kilometrów od Bydgoszczy. Miejsce zdarzenia oprócz prokuratorów badają wojskowi eksperci,…

— Zbigniew Ziobro | SP (@ZiobroPL) April 27, 2023

Министерот за правда Збигњев Зиобро на „Твитер“ напиша дека остатоците се пронајдени во шумата на неколку километри од Бидгошч и дека воениот оддел на Окружното обвинителство во Гдањск, под надзор на државното обвинителство, покренал постапка во врска со тоа откритие.

Министерството за одбрана на Твитер напиша дека ситуацијата не ја загрозува безбедноста на жителите, наведувајќи дека локацијата ја истражува воената полиција.

Објектот е пронајден на околу стотина километри од границата на Полска со Украина, Белорусија и руската енклава Калининград.



Слични Објави