| |

Оваа недела во Ранковце ќе се одржи работилница за прва помош на животни и миленичиња и при каснување од животно или инсекти во природа

„Оваа недела во ранчот The Countryside во селото Ранковце со почеток од 11 часот че се одржи работилница за прва помош на животни и миленичиња во итни случаи. Присутните на работилницата ќе можат да ги видат, слушнат, да ги прашаат и да побараат совет едни од најдобрите ветеринарни доктори во земјата“, информираат организаторите на настанот.

Работилницата е дел од проект во организација на невладината Pink Support, а целосно е финансиран од амбасадата на Р.Бугарија во РС Македонија, според програмата „Бугарска помош за развој“.

На работилницата во недела исто така ќе опфатиме и друг важен момент, а тоа е каснување од животно, инсект во природа или планина . За планинарите кои сакаат да бидат присутни, овој дел ќе го опфатиме после 12ч. Работилницата е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Местото е The Countryside, Ранковце од 11 ч. до 16 ч., јавуваат организаторите.



Слични Објави