| |

П. КОЛЕВ СО ПОВИК ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП: ИЗДВОЈТЕ ПАРИ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА СПОМЕН ПЛОЧАТА НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ, АКО НЕМАТЕ ДАЈТЕ НИ ДОЗВОЛА НИЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА

Делегација на Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) предводена од претседателот на партијата Петар Колев и генералниот секретар Диме Петкоски вчера во Ново Село, Штип, положи свежо цвеќе на спомен плочата на великанот Тодор Александров, по повод одбележувањето на 94 години од неговата смрт.

Во своето обраќање пред спомен плочата на Александров претседателот на партијата Петар Колев дека ќе испрати официјално барање до градоначалникот на Општина Штип Благоја Бочварски, каде што ќе бара да се изработи проект и да се издвојат средства од буџетот на Општината, со цел спомен плочата на Тодор Александров да стане модерен меморијал, по примерот на спомениците во Европа. Колев додаде дека, ако Општината не го направи тоа, токму тој и неговата партија се подготвени со нивни средства да изготват таков проект и да го реализираат, нешто за што Општина Штип ќе мора да даде само дозвола. Погледнете го целото видео обраќање на Петар Колев:

 

Слични Објави