| | |

Палевски поминал транзит преку Бугарија пред за него да биде издадена меѓународна потерница

„Љупчо Палевски за кој властите во Скопје објавија дека избегал во Бугарија, поминал транзит преку нашата земја“, јавува бугарската телевизија БТВ во материјал насловен ,,Кој е Љупчо Палевски кој избега преку Бугарија, по убиство на девојче во Скопје”.

,,Осомничениот влегува на на наша територија преку граничниот премин Калотина од Србија. Тоа се случува во првите минути на 2 декември”, јавува БТВ по информација на свои извори.

Од своја страна првиот човек на бугарското МНР Калин Стојанов пред бугарските медиуми истакнува дека од бугарска страна нема никаков пропуст во однос на влезот на Палевски на бугарска територија, бидејќи во времето кога тој ја преминал српско- бугарската граница не бил издаден налог за меѓународна потерница по него.

,, Нема апсолутно никаков пропуст на нашите Органи кон моментот во кој човекот влегол на територијата на Бугарија преку Србија. По него не бил издаден налог за меѓународна потерница.

„Неколку часа подоцна тој ја напушта Бугарија во насока Турција. Мојата информација е дека меѓународната потерница била издадена синоќа “, вели министерот за внатрешни работи на Република Бугарија.

Во останатиот дел од материјалот објавен од БТВ бугарските колеги прават кратка ретроспектива на антибугарските ставови на Палевски, неговите повици за поништување на Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и РС Македонија и неговите навреди кон Бугарија и Бугарите .

Во однос на шпекулациитe што се појавија во јавноста во РС Македонија, дека Љупчо Палевски -Палчо поседува бугарско државјанство , извори на Трибуна категорично ги отфрлаат тие лажни тврдења.

Слични Објави