|

Партиите не можат да се договорат за отворени листи и една изборна единица

Партиите се уште се немаат усогласено по прашањето за измените во Изборниот законик со цел воведување на отворени листи и гласањето во една изборна единица. Ова е заклучокот на завршната конференција на тема „Измена и дополнување на Изборен законик – отворени листи“.

„Според направената анализа за изминатиот период констатирав дека значаен дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измени на изборниот законик се усвоени, но дека не е прифатен моделот на отворени листи и препораката во врска со прагот на потребните потписи за независните кандидати, како и дека одредбите за биометриска идентификација на гласачи се имплементира“, потенцира Херолинд Сакипи на завршната конференција, јавува ТВ 24.



Слични Објави