|

Патник се соблекол гол и викал „УЧК“ во авион на летот Брисел-Скопје

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје, пишува СДК.мк. Полицијата го привела веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, ни изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР), пренесува СДК.

Според патници на летот, мажот со крупна конституција изгледал дека најверојатно е пијан или под дејсто на дрога.

Слични Објави