Печатот на Собранието на Република Македонија ја задржува тркалезната форма, а во средината околу него натписот: “Република Северна Македонија – Собрание на Република Северна Македонија – Скопје е испишан на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо, односно албанскиот јазик, јавува Слободен печат.
Со измените на Деловникот легитимациите и картичките за електронско гласање на пратениците, ќе се издавааат на македонски како и досега и на албански јазик ако така побараат пратениците.