БОМБАШ САМОУБИЕЦ НАПАДНА ВОЗИЛО СО ХРВАТСКИ ВОЈНИЦИ ВО АВГАНИСТАН

//

На вонредна прес-конференција хрватското Министерство за одбрана објави дека хрватските војници биле нападнати во Авганистан и дека тројца војници се сериозно повредени, а еден добил тешки повреди на главата и се бори за живот.

Хрватските војници околу 8 часот тргнале од кампот Гибсон, кој е во склоп на аеродромот во Кабул, каде што се сместени. Од кампот Гибсон тргнал конвој со пет неборбени, но оклопни возила. Во секое возило имало три лица. Хрватските војници биле во три возила, додека во другите две биле Авганистанци.

„На патот до кампот Лио во конвојот се залетал мотоцикл со бомбаш самоубиец. Авганистанските сили дојдоа на местото на настанот и им помогнаа на нашите повредени. Ако возилото не беше блиндирано, последиците ќе беа многу потешки”, кажаа од МОРХ, додавајќи дека истрагата е во тек.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ПЕЧАТОТ НА СОБРАНИЕТО СТАНУВА ДВОЈАЗИЧЕН

Следна статија

ХАРАДИНАЈ СЕ БРАНЕЛ СО МОЛЧЕЊЕ ПРЕД СУДОТ ВО ХАГ

Најново од Вести