ПЕМОВА: ЖИТЕЛИТЕ НА ПИПЕРОВО ИМААТ ПОТРЕБА ОД ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА, МИНИСТЕРСТВОТО ОДБИ ДА ОДГОВОРИ НА НИВНАТА ПОТРЕБА

Вести Истакнато Македонија

На денешната седница на Комисија за финансирање и буџет имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова. На седницата се дискутираше за предложениот амандман 369 поднесен од пратениците: Ванковер Манчев и Весна Пемова.

Пемова истакна дека жителите на Пиперово имаат огромна потреба за изградба на колектор или пречистителна станица на отпадни води.

„За граѓаните сакам да потенцирам дека овој амандман се однесува на изградба на колектор за Пиперово во износ од 72 милини денари нешто што е многу неопходно за овој дел односно изградбата на пречистителна станица на отпадни води на овие жители е огромна и од тие причини и бараат изградба на една пречистителна станица но еве Министерството одби да одговори на нивната потреба“ истакна Пемова.

Заменик министерката Ширет Елези кажа дека предложениот амандман не се прифаќа.