Пендаровски и Патријархот Вартоломеј разговарале за статусот на МПЦ-ОА
Прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија било едно од прашањата за кои денеска во Истанбул, претседателот Стево Пендаровски разговараше со Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх Вартоломеј.
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата се вели дека во таа прилика претседателот Пендаровски потенцирал дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор и повикал на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.
На средбата биле разменети и мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј го поддржал членството на нашата земја во ЕУ, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.