ПЕНДАРОВСКИ: ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

/

Мора да има политичка волја во Скопје и Софија да се реши прашањето со Бугарија. Во Брисел размислувањето е кога и да добие Бугарија влада, таа мора да има политички капацитет за овие разговори, изјави премиерот на С. Македонија Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Во декември сите 26 земји членки беа со скрстени раце кога Бугарија ни даде вето, сите велат дека мора да биде едногласно. Тоа не е принципиелно, но мора да се каже на нашиот народ, додека не се реши проблемот со Бугарија нема да започнеме преговори со ЕУ, и од таму ништо не можат да превземат“, вели Пендаровски.

„Ние бараме од Бугарија и од нашите европски пријатели да не поддржат, предложуваме да се вклучат експерти од страна со искуство од други комисии. Да не бидеме само ние и бугарите, туку и други експерти од страна како неутралци. Ние понудивме пред 2 години, Бугарите го одбија, сега повторно ќе понудиме“, додава претседателот.



Претходна статија

НА ВЕЛИКА САБОТА ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРИСТИГНЕ СВЕТИОТ БЛАГОДАТЕН ОГАН

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ: ЛУЃЕТО ОД СЛУЧАЈОТ „27 АПРИЛ“ НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ

Најново од Вести