| |

Пендаровски со писмо до Радев: Нашите земји и народи имаат многу повеќе заеднички нешта, отколку нешта што нè разделуваат

Претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски испрати поздравително писмо до својот колега бугарскиот претседател Румен Радев, по повод неговиот реизбор за шеф на бугарската држава.

Во своето писмо Пендаровски уверува дека РС Македонија ја споделува визијата за стабилен и напреден регион во рамките на обединета Европа и е цврсто решена да ги негува и развива добрососедството и соработката меѓу двете земји.

„Сакам да го изразам моето длабоко убедување дека нашите две соседни земји и народи имаат многу повеќе заеднички нешта, отколку нешта што нè разделуваат“, стои во писмото на Пендаровски.



Слични Објави