| |

Пендиков: Не се плашам, ама не е пријатно да добивате смртни закани со пцуење на Фејсбук и месенџер

„Лично не се плашам, ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани со пцуење, на Фејсбук, месенџер, да се читаш во коментари“, изјави пред новинарите Христијан Пендиков на излегување од судот во Охрид, каде денеска требаше да се одржи судско рочиште за случајот со неговото претепување, што се случи на 19 јануари оваа година.

„Веќе сум подобро, треба да направам уште прегледи. Имам два пукнати прешлени. Се надевам дека ќе можам да бидам присутен на следното рочиште, бидејќи тоа е мое право и сакам да му помогнам на судот“, вели Пендиков.

Денеска судското рочиште за предметот на неговото претепување беше одложено за 12 јули, откако судијата го одби барањето на бранителите на напаѓачот Илија Спасески за одложување на делото и тие ја напуштија судницата.

На претходното рочиште Спасески се изјасни дека не се чувствува за виновен за претепувањето на Пендиков. Пендиков тогаш не присуствуваше на рочиштето, а неговиот адвокат рече дека поради здравствени причини не бил во можност да дојде.



Слични Објави