Пентагон го доби најголемиот буџет во своето постоење

//

Пентагон го доби најголемиот буџет во својата историја: 700 милијарди долари, објави АФП. Ова е далеку повеќе од трошоците за одбрана на двата најголеми американски ривали – Русија и Кина.

Средствата ќе овозможат повеќе војници и воена техника за армијата на САД. За следната година, воените средства ќе се зголемат на 716 милијарди долари. Двегодишниот буџет ќе овозможи зајакнување на борбената готовност на вооружените сили во време на конфликтот во Авганистан и тензиите на Корејскиот полуостров.

Предлог-законот за буџетот, беше потпишан од претседателот на САД Доналд Трамп во петокот. Пентагон ќе има 94 милиони долари повеќе за оваа фискална година во споредба со претходната, како зголемувањето е со 15,5%. Тоа е најголем пораст на годишна основа од 2002 година, кога воениот буџет беше зголемен со 26,6% од 345 милијарди долари до 437 милијарди долари. Тогаш САД ја започна војната во Авганистан, Ирак и ја проширија својата национална одбрана по 11 септември.



Се очекува дека неколку милијарди долари ќе бидат распределени за еден од главните приоритети на Пентагон: ракетната одбрана. 12,3 милијарди долари се наменети за агенцијата за ракетна одбрана. Ќе бидат додадени нови 28 пресретнувачи на проектили.

Претходна статија

Наследникот на Шојбле ја менува суровата економска политика на Германија

Следна статија

Македонската книжевност претставена во полското списание „Wyspa“

Најново од Вести