|

Пентагон објави нова снимка на НЛО, снимена од американски воен дрон

Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани појави, познати како НЛО, рече Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (ААРО) на Пентагон и објави видео.

Киркпатрик завчера пред Поткомитетот за вооружени служби на Сенатот изјави дека бројот на забележани вакви феномени е зголемен во споредба со 350-те пријавени во разузнавачкиот извештај за неидентификувани појави објавен претходно оваа година.

New video released during a Pentagon hearing on UFOs shows “an apparent silver, orb-like object” captured by a U.S. military drone in the Middle East.

Officials say “the object in the clip is not exhibiting anomalous behavior” but “remains unidentified.” https://t.co/AfdRMcXZnf pic.twitter.com/kKu0S4KKtQ

— ABC News (@ABC) April 20, 2023

„На приближно половина од 650 случаи им дадовме приоритет за набљудување поради интересна аномална вредност. Сега треба да ги поминеме и да дознаеме со колку реални податоци располагаме“, рекол Киркпатрик и додал дека неговата канцеларија им помага на Пентагон и на разузнавачката служба во идентификувањето на новите технологии на странските земји, пренесува Index.hr.

Тој објави видео од случај на НЛО. На видеото се гледа мала сребрена топка која прелетува покрај американскиот дрон MQ-9 на Блискиот Исток во 2022 година. Дронот го следел објектот со камера додека се движел низ небото,

Киркпатрик објасни дека овој случај е нерешен бидејќи немало други докази освен видеото.

„Ќе биде речиси невозможно целосно да се идентификува овој феномен само врз основа на видео“, рече тој.

 

Слични Објави