|

Пет пожари на отворено до пладне, два под контрола

До 12:00 часот на 27 август 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија има вкупно пет пожари на отворен простор. Активни пожари нема, два се под контрола, а три се изгаснати, се вели во соопштението на ЦУК.

Пожари под контрола:

  1. Општина Македонски Брод – повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума);
  2. Општина Гевгелија – планината Кожуф (приземен пожар).

Изгаснати пожари:

  1. Општина Долнени – во близина на селата Долгаец и Стровија (мешана шума);
  2. Општина Куманово – на ул. Доне Божинов (ниска вегетација);
  3. Општина Конче – село Дедино (ниска вегетација).


Слични Објави