Петар Богојески со пофалби до Бугарскиот културен клуб Скопје-БККС
„Ако имаше грам мозок во главата на бугарските политичари, споменикот на полковник Каварналиев денес ќе го посетеа илјадници Македонци и ќе оддадеа почит на херојот кој ги спасил животите на бабите и дедовците на речиси сите денешни струмичани и дојранчани! Честитам на БККС и претседателот Лазар Младенов за ентузијазмот кој го покажуваат во ова време невреме! (недостасува знамето на Македонија, до година да не се заборави)П.с. Се сеќавам на отварање на споменикот, кога пристигнаа малоумните бугарски политичари и таа со сандалите… сите ме прашаа едно, дали наредниот ден некој ќе го сруши споменикот! Како да го посакуваа тоа… мислам дека и ќе платеа некоја будалетинка тоа да го направи! Само да има проблеми со МК! Поминаа две години, споменикот си е на местото и треба да остане низ вековите“, напиша на социјалната мрежа Facebook, Петар Богојески претседател на Македонски концепт.
