ПЕТАР КОЛЕВ: ГДУ НЕ Е ФОРМИРАНА ОД НАДВОР И ЗАСТАПУВА КОНЗЕРВАТИВНИ ВРЕДНОСТИ
ГДУ е партија која во себе ги обединува луѓето со конзервативни ставови. Околу моето име има голем број шпекулации. Верувам во помодерниот начин за меѓусебни односи на Балканот. Формирањето на ГДУ не е предизвикано од надвор, во неа членуваат млади луѓе и некои опитни политичари. Ние се обидуваме да ги претставиме некои поразлични вредности. На нашето основачко собрание имаше претставници од групата на Европските конзервативци. Јас познавам многу политичари во Бугарија и Европа, сум бил советник во Европскиот парламент. ГДУ не застапува ничии права, таа е конзервативна партија, која ги негува тие вредности. Јас познавам многу конзервативци, кои се Македонци, Албанци, Бугари и др. Ние сакаме да направиме политички субјект на луѓе кои веруваат во исти вредности, изјави претседателот на Граѓанско демократската унија-ГДУ, Петар Колев во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.
