|

Промоција на новата судница со ИКТ опрема во Основниот кривичен суд Скопје

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде промовирана новата судница со што завршува инсталирањето на ИКТ опрема во пет суда, како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството.

Опремувањето на судниците е направено со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во земјава.

– Промотивен настан во рамки на опративниот план за дигитализација на правосудството и презентација на судницата 23 опремена со ИКТ опрема со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Судницата е една од петте судници во различни основни судови кои беа опремени со нивна поддршка, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Најавено е обраќање на министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, претседателот на Основиот кривичен суд Иван Џолев и претседателот на ИКТ Советот Лазар Нанев.

Слични Објави