|

Украина изврши удар врз аеродром со руска тактичка авијација во Волгоградска област – погодени Су-34 и ремонтни капацитети

Украинските сили извршија прецизен напад врз аеродром на кој биле распоредени руски борбени авиони во Волгоградска област, при што, според првичните информации, се погодени четири авиони „Сухој Су-34“ и техничко-оперативен центар за одржување и сервисирање на борбени летала, пренесува БГНЕС.

Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, во операцијата учествувале единици од Силите за специјални операции, Службата за безбедност и други единици на украинските одбранбени сили.

Руските Су-34 се меѓу главните авиони на тактичката авијација кои редовно вршат ракетни и бомбашки напади врз украински позиции и населени места. Овие летала, класифицирани како фронтови ловци-бомбардери во состав на руските Воздушно-космички сили, се користат за исфрлање на управувани авио-бомби, вклучително и бомби опремени со модули за планирање и корекција на патеката на лет.

Операцијата е уште еден удар врз руските капацитети за напад и логистика, наведуваат украинските воени извори.

Слични Објави