ПЕТАР КОЛЕВ: СРЕЌНА НОВА 1991 Г.
„Нè убедија дека е луксуз да се излезе барем еднаш месечно со семејството на ручек. Нè убедија дека е нормално да се трпи, да се нема, да се зајмува… Нè убедија дека е луксуз да се отиде со семејството на летување, и тоа на рати. Нè убедија дека е расфрлување ако имаш повеќе од два пара чевли, а дека е нормално да се избира кој од семејството оваа есен ќе купи нови.
Станавме нација која се дебелее од леб, затоа што за месо нема пари. Станавме земја на исфрустрирани родители затоа што на децата не можеме да им овозможиме ни стоти дел од нормалните работи што ги посакуваме. Станавме земја на раскарани сопружници затоа што постојано сме под стрес, постојано нервозни, хронично несреќни. Станавме губитници, а не ни е јасно зошто. Чесно завршивме школи, чесно ја работиме својата работа, но оваа држава не е задоволна – нè цеди додека не цркнеме и нè убедува дека така мора. Дека така треба. Дека тоа е совршено нормално. Побргу би нè погребале, но не можат додека плаќаме даноци и придонеси. Наместо да викаме „Сакаме подобро!“, ние шепотиме дека може да биде и полошо. Нема стремеж кон посреќен живот, туку само страв од поголема несреќа.“
– Љубинка Боба Недиќ
Драги мои сограѓани, сигурно ги видовте новогодишните обраќања на СДСМ и ДПМНЕ! И едните и другите 27 години нè убедуваат колку добро се живее во нашата држава или какво зло не нападнало зависно од тоа дали се на власт или во опозиција. И едните и другите 27- години со истите желби за среќа, успех и здравје. Но како да стигнеме до успехот без чесна работа? Како да дојдеме до среќата ако 27- години се води истата апашка политика а разликата се само новите ликови на фотелјите?! Како драги мои сограѓани ќе имаме здравје кога стресот одамна си ја завршил својата работа?! За жал редовите напишани на почетокот се суровата реалност во нашата држава.
Среќна Нова 1991, се извинувам 2019 година!
До кога вака?!- објави на својата официјална страна на facebook, претседателот на Граѓанско демократска унија, Петар Колев.
