ПЕТАР КОЛЕВ ЗА „ПОГЛЕД“: ГЛАВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОРИ НЕ САКААТ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ, ЗАТОА ПРАВДАТА ЈА НЕМА ИЛИ Е НЕДОСТИЖНА ЗА ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ
„Не е спорна потребата од СЈО или потребата од институција која ќе ги гони сите облици на висока корупција, го доведувам во прашење начинот на кој СЈО или други прашања се решаваат во земјава. Со т.н. политички договор меѓу 4-5 партиски главатари, договор кој потоа им се сервира на 120 души кои се преправаат дека се членови на македонскиот претставнички дом и ги создаваат законите на земјава“, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија во кратко интервју за порталот Поглед, во однос на последните случувања околу СЈО и случајот „Рекет“.
Според Колев не треба да бидеме изненадени од тоа што правосудните органи ги штитат моќните играчи. Точно поради таа причина претседателот на ГДУ повикува на брутален рез и преинсталаџија на системот, ако сакаме да постигнеме позитивни резултати
„Со нарачани пресуди, купени пресуди, со исти такви обвиненија и истраги, просто кажано, тоа е само една максимално корумпирана и криминална заедница која како паразит го цица општеството од самите почетоци на македонската државност. Тој паразит денеска е далеку помоќен од државата затоа што симбиозата е конечна. Потребен ни е брутален рез, или преинсталација на системот доколку сакаме да постигнеме нешто позитивно“- вели во интервјуто Колев.
Тој додава дека и покрај фактот што кај јавноста има волја за промена на системот, кај главните политички фактори во државата, таа волја е отсутна и затоа правдата или ја нема, или пак е скапа и недостижна за обичните граѓани.
„Тоа подразбира прво политичка волја која засега постои кај јавноста, за жал таа отсуствува кај главните “политички фактори” кои од вака поставениот систем црпат моќ а на штета на државата и општеството. Затоа резултатот е тој, правда нема или е скапа и недостижна за обичните граѓани“- дециден е Петар Колев.
(ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГДУ ПЕТАР КОЛЕВ ЗА ПОРТАЛОТ ПОГЛЕД ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВДЕ.)
