|

Петков: Ќе бидам многу благодарен, ако претседателот го свика Консултативниот совет за национална безбедност

Ќе бидам многу благодарен ако претседателот го свика Консултативниот совет за национална безбедност, бидејќи од последната средба поминаа 6 месеци – не само меѓу коалицијата, туку и со опозициските партии. Оттогаш се случија многу работи, имаше многу разговори, имаше многу различни предлози, имаше многу различни светски лидери кои го покажаа својот пристап на оваа тема, има многу информации од службите. И нема подобар формат – да седнеме сите на маса и да разговараме што се однесува на нашата постојна позиција и кои чекори треба заедно да ги преземеме напред.

Ова го изјави премиерот Кирил Петков пред бугарските медиуми што придружуваат во Ватикан. Премиерот по аудиенцијата кај папата Франциск, изјави дека поглаварот на Римокатоличката црква ја благословил работата на бугарската влада.

Тој рече дека со папата Франциск не разговарале за РС Македонија.

За укинување на бугарското вето може да се зборува дури откако МНР ги претстави последните резултати од напредокот на билатералниот дијалог пред Консултативниот совет. Тогаш напредокот треба да се достави до парламентот, тој да зборува и да даде јасна иницијатива што да се направи. Конечно, сите заедно да направиме чекор напред. Се друго би се користело за внатрешно-политички цели, објасни Петков.

Слични Објави