Петков: Треба да го преместиме ветото
„Не треба просто да го тргнеме ветото за почеток на преговори на РС Македонија со ЕУ, ние треба да го преместиме. Промената на Уставот треба да се случи пред отворањето на првото поглавје од преговорите“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.
„Ако сакаме промена на Уставот сега, тоа ќе биде многу тешко. Ако кажеме тргнувајте по патот го тргаме ветото, но првото поглавје не може да биде отворено без Уставот да биде променет, тогаш тие ќе треба да го променат Уставот не затоа што Бугарија го бара тоа, туку затоа што тоа е нивниот договор со ЕУ“, појаснува Петков, пренесува БГНЕС.
Тој посочи дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакнува дека ЕУ е готова да биде гарант за тој процес.
„Ние треба да го побараме тоа и ние треба тоа го внесеме тоа во Договорот. Не треба да чекаме некој да ни ја заврши работата. Не треба да се инаетиме, бидејќи тоа е против бугарскиот национален интерес. Да бараме сите работи што сакаме да се случат пред тргање на ветото“, истакна Петков плашејќи се дека националистички сили ќе дојдат на власт во РС Македонија и бугарскиот интерес нема да биде зачуван. Според него во моментот во РС Македонија има нормална Влада која ќе ги прифати тие ангажмани според европскиот договор. И додаде дека се зависи од тоа што ќе одлучи бугарскиот Парламент.