Петрова за односите со Северна Македонија: „Нашата позиција беше препознаена како европска, тоа е голем успех за Бугарија“
Бугарија последователно ги осудува појавите на омраза, изјави шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова во интервју за бугарската телевизија БТВ, запрашана за односите со Република Северна Македонија.
Според неа, особено загрижувачки е тоа што веќе не станува збор за одделни инциденти, туку за повторувачка тенденција.
„Особено загрижувачки е тоа што веќе не станува збор за поединечни случаи, туку за тенденција што се повторува“, рече Петрова.
Министерката нагласи дека бугарската позиција добила поддршка од европските партнери. Според неа, тоа покажува дека прашањата што ги покренува Бугарија не се доживуваат како билатерален спор, туку како дел од пошироката европска агенда.
„Нашата позиција беше препознаена како европска. Тоа е голем успех за Бугарија. Нашите европски партнери препознаваат дека не станува збор за билатерални прашања, туку за европски вредности – недопуштање говор на омраза и заштита на човековите права“, изјави уште Велислава Петрова.
