Тагарев: Воените вежби на Русија во Црното Море ги сметаме за провокација кон Бугарија
Русија ја продолжи својата поморска вежба до крајот на месецот во делот во која влегува и бугарската економска зона во Црното Море. Ова го соопшти бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев, според кого станува збор за провокативни дејствија кон Бугарија од страна на Русија, јавува Бугарското национално радио.
„Русија веќе два месеци блокира голем дел од нашата ексклузивна економска зона, тие сега најавија дека до крајот на месецот ќе продолжат да вршат вежби во нашата економска зона, што категорично ги сметаме за провокативни дејствија кон Бугарија, кон нашите безбедносни и економски интереси.
Разговараме за широк опсег на можни дејствија како одговор на оваа провокација од страна на Руската Федерација – независно и пред се со нашите сојузници“, рече Тодор Тагарев.