| |

Делата на 40 бугарски уметници учествуваат на хуманитарна изложба за помош на Украина

Делата на 40 бугарски уметници учествуваат на хуманитарната изложба „Украина засекогаш“. Целта е да се испрати финансиска помош за Украина, а повод е една година од почетокот на агресијата од страна на Руската Федерација, велат организаторите од книжарницата Elephant Bookstore.

Изложбата беше отворена денеска во галеријата Port. A. , каде делата ќе останат до 19 март. Од 20 март до 30 април истите ќе можат да се погледнат и купат онлајн на страната на организаторот.

Меѓу авторите чии дела се дел од изложбата се Љубен Зидаров, Јасен Ѓузелев, Станислав Беловски, Дидо Пешев, Ала Георгиева, Греди Аса и други.

Хуманитарниот настан е идеја на уметникот Иван Хаџијски и е поддржан од фондацијата „Ukraine Support & Renovation “ на Манол Пејков и фондацијата „Америка за Бугарија“.

Слични Објави