„ПЕТРОВДЕНСКИТЕ КОНАЦИ“ ЗАПОЧНУВААТ СО „ МУЗИКА ЗА ФЛЕЈТА И ПИЈАНО“
Во четврток на 5 јули 2018 г. со настанот насловен „Музика за флејта и пијано“ во фоајето Центарот за култура „Бели мугри“ ќе започне 11. издание на културната манифестација „Петровденски конаци“.
Флејтиската Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ ќе настапат со дела од Стојан Стојков, Александар Џамбазов, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Трајко Прокопиев и други македонски автори.
Митева и Трбојевиќ се професорки по флејта и пијано, со богата биографија во образованието и концертната дејност. Самостојно и како членови на камерни состави тие концертрираат како во Република Македонија, така и надвор од неа.
Свеченото отворање на „Петровденските конаци“ е во 20:45 ч.
