|

Петти ден се трага по 30-годишниот Мартин во Егејското Море

Потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, кој во саботата исчезна на плажата Посиди на Халкидики, продолжува и денеска. На петтиот ден од потрагата грчките власти вклучија патролен чамец на крајбрежната стража, а по Мартин трагаат и волонтери – спасувачи. Грчкиот портал “Вориа“, објави дека во операцијата учествуваат и два воздишни дрона и куче спасувач со дресер.

Вчера во операцијата беше активиран и подводен дрон, но акцијата не даде резултат.

И покрај изминувањето на рокот од четири дена според грчките закони, потрагата по исчезнатото момче продолжува и денеска на барање на македонското МНР.

Првиот човек на спасувачката служба нагласи дека спасувачите вложуваат натчовечки напори да го најдат момчето и да го вратат кај неговото семејство.

Спасувачката акција почна во саботата попладне откако тројцата пријатели на плажата во Посиди влегле во морето, но биле повлечени од силните морски струи.

Слични Објави