| |

Пирина Воденичарова од Банско на врвот на рангирањето на „Форбс“ „30 под 30“

29-годишната Пирина Воденичарова од Банско се најде на врвот престижното рангирање на Форбс „30 под 30“. Таа блесна на насловната страница на магазинот за месец декември, како една од младите инспиративни личности во Бугарија. Голема радост за неа е што љубовта кон читањето и детските книги ја доведе до ова признание. Пирина е творец на „Ниту еден ден без книги“ – заедница за литература за деца и промоција на детското читање во Бугарија, јавува Пиринско.

„Јас не сум некој што некогаш замислувал да се видам себеси на насловната страница на ваков тип на медиуми, но мојата работа со книги за деца е всушност тоа што заслужува голем аплауз, бидејќи тој аплауз е за децата и нивните родители“, вели Пирина Воденичарова пред Радио Благоевград.

Проектот „Ниту еден ден без книги“ стартира на 1 јануари 2019 година како експериментален личен проект на Пирина. Како мајка, таа споделувала информации за детските книги со другите родители, а тоа е најголемата заедница за читање родители и нивните деца.
Љубовта на Пирина кон детските книги останува од нејзините детски години до денес.

„Не престанав да ги сакам книгите од моето детство. Се сеќавам кога бев во последните години од средното образование и како студент, како штедев пари за да купувам книги за деца, што на моите тогашни пријатели им изгледаше чудно“, вели Пирина Воденичарова.



Слични Објави