|

Писмо од македонски Бугарин од Костурско, емигрант во Торонто, до редакцијата на списанието „Илустрација Илинден“ објавено во септември 1936 г.

„Вие во Бугарија имате многу нејасна претстава за животот на македонската емиграција во Америка. Бројот на Бугарите во нашиот град надминува 5.000. Деведесет и пет проценти од нив се од Македонија, и тоа главно од оној дел под грчко ропство. Не знам каков е бугарскиот дух во Бугарија, бидејќи никогаш не сум бил таму, но ние овде високо го чуваме бугарскиот национален дух.“

„Во 1928 година М. П. О. „Правда“ изгради Народен дом. Тој се состои од голема театарска сала, сцена, банкетен салон и друго. Треба да испратите некој ѕвенар од Софија за да дојде тука и да се научи да ја сака бугарштината. Тој ќе види како децата на бугарските родители, кои никогаш не ја виделе Бугарија, создадоа бугарско училиште, црква и Народен дом и како тука сите ние се воспитуваме во висок патриотски дух. Сите бугарски историски драми биле изведувани на нашата сцена. Не се пропушта ниту еден национален празник или голем историски настан без соодветен реферат и свеченост.“

Извор: Библиотека Струмски

Слични Објави