ПИСОНЕРО: АКО НЕМА ДОГОВОР ЗА РС МАКЕДОНИЈА ОПЦИЈАТА ЗА РАЗДВОЈУВАЊЕ СО АЛБАНИЈА МОЖЕ ДА СЕ РАЗГЛЕДА

//

Портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро ја потврди изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји дека е можно одвојување на Скопје и Тирана, пренесува ТВ 21.

По изјавата на еврокомесарот Вархеји во Скопје и во интервју за Евроњуз дека не се исклучува Албанија да започне преговори доколку нема едногласен компромис во Советот на ЕУ за Северна Македонија, Писонеро нагласи дека Комисијата стои на ставот дека двете земји се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека на теорија тоа е една од опциите.

-Ако нема договор за Северна Македонија, тогаш оваа опција би можела да се разгледа, рече Писонеро коментирајќи го можното одвојување на Скопје и Тирана.



Доколку дојде до тоа земјите членки да одлучат дека само Албанија треба да започне преговори, Европската Комисија не би се противела на овој став, објасни Писонеро, бидејќи земјата сега ги исполнува сите преостанати услови.

Претходна статија

ЗА ТИТО, БЕЛГРАД, СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ЈАЗИКОТ НА ОМРАЗАТА (5)

Следна статија

ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН: ЗА ГЕРМАНИЈА Е НЕЗАМИСЛИВО ЗА АЛБАНИЈА ДА КАЖЕ ДА, А С. МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ОСТАВИ

Најново од Вести