ПЈОНТЕК ЈА ДОБИ „ДЕВЕТКАТА“ ВО МИЛАН

/

Кога пристигна во Милан во јануари од Џенова за 35 милиони евра, Кжиштоф Пјонтек го побара дресот со број 9. Тогашниот спортски директор Леонардо рече дека Полјакот прво мора да ја заслужи оваа бројка, која ја имаат носено многу легендарни фудбалери.

Откако дефинитивно се докажа како голгетер изминатата полусезона, Пјонтек во новата натпреварувачка година на грбот ќе игра со бројот девет.

Претходно оваа бројка на дресот на Милан ја носеа легендарни фубдалери како Филипо Инзаги, Пато, Жорж Веа, Патрик Клајверт, Марко ван Бастен, Жан Пјер Папин и многу други.

Извор: Спорт1





Претходна статија

ЛЕБРОН ЏЕЈМС ОТКРИ СО КОЈ БРОЈ НА ДРЕС ЌЕ ИГРА НА СЕЗОНАВА ВО ЛЕЈКЕРС

Следна статија

СОЛШЕР СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ПОЛ ПОГБА: ИМА МЕДИУМСКА ХАЈКА ПРОТИВ МОМЧЕТО

Најново од Вести