СОЛШЕР СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ПОЛ ПОГБА: ИМА МЕДИУМСКА ХАЈКА ПРОТИВ МОМЧЕТО

Агентот на Пол Погба, Мино Рајола изјави дека неговиот клиент сака да си замине од таборот на Манчестер јунјатед. Французинот е главна тема во клубот, па очекувано и медиумите се интересираат за случајот.

На првата прес-конференција во Австралија на стартот од подготовките пред новата сезона, менаџерот Оле Гунар Солшер зборуваше за случајот на Погба. Тој застана во одбрана на фудбалерот и смета дека има медиумска хајка против Французинот.

„Мислам дека ова е некоја агенда против Пол. Тој е одлично момче, голем професионалец, никогаш не бил проблем, има златно срце“, рече Норвежанецот. „Џеси и Пол на вчерашната прошетка беа прикажани како да се тепаат и јас знам дека вие сте тука да продавате играчи и да продавате приказни, но тие се професионалци. Пол никогаш не се отстранил од тимот, секогаш го давал најдоброто од себе и не можам да кажам ништо освен дека агентите зборуваат постојано. Не можам да седам тука и да коментирам што зборат агентите, имаме уште неколку години од договорот со Погба и тој досега беше фантастичен“, додаде Солшер.

Иако Погба можеби сака да си замине сепак, тој нема да презема мерки со сила да направи трансфер. Манчестер јунајтед не е расположен за продажба, освен ако не пристигне понуда од околу 180 милиони евра.

Извор: Спорт1

Слични Објави