| |

ПЛАН ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО 3 ФАЗИ, ПРИОРИТЕТ ИМААТ МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА ПОД РИЗИК И ПОСТАРИТЕ ОД 70 ГОДИНИ

Во првата фаза ќе бидат вакцинирани здравствените работници со највисок ризик и лица над 70 години, во втората фаза здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети и во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат – ова накусо го предвидува планот за вакцинација што денеска го претстави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека регистрацијата ќе се врши во сстемот „Мој термин“ кој ги регистрира податоците за возраста, евентуалното присуство на хронични болести итн. 



Слични Објави