ПЛАТФОРМА

Политичкиот простор во Македонија е задоценето зрел за структурално реконстуирање. Тој процес, сакал некој, или не, ќе се случи, особено по членството во НАТО и стабилизирањето и осигурувањето на државниот опстој, кој за среќа се движи во добар правец.Со други зборови, квази политичките платформи на актуелните доминантни партии ќе станат едно историско минато во државата која со сигурност ќе остане на колосекот на нејзин државотворен развој.Клучното прашање е кој прв тоа ќе го препознае.

loading...

Како би изгледала една современа политичка платформа поставена на честири основи.

1. Напуштање на популистичка квази политича агенда на принципот ден за ден. Сериознен внатре-партиски скрининг на кадровски потенцијал, преку проверка на биографии на членови. Политички ветинг на партиските функционери. Партијата како општествен двигател на вредности, наместо монопол на поединци.

2. Напуштање на политичката идеологија на кокетирање со анти европски и анти западни структури. Целосно дистанцирање од српско-руските интереси на Балканот. Јасен и недовосмислен рез со ултра десничарски/левичарски стриктури. Ослободување од влијанија на квази патриотски и националистички реторики.


loading...

3. Напуштање на патриотизмот како политичка доктрина и воспоставување на патриотизмот како форма на остварување на национални стратешки интереси. Отворена и одговорна политика на преземање одговорност за водење на процес за десоцијализација, дејугословенизација и објективизација на историјата како значаен внатрешен процес на Македонија. Градење на меѓуетнички односи засновани на европски вредности и изградба на национално единство без претензии на клучните политички позиции по етничка лиција.

4. Економски и општествен план за изградба на функционална држава.

Автор: Марјан Николовски