| |

БУГАРСКОТО МВР И ЦАРИНА ЗА ПРВИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИ НА 2018 ГОДИНА ЗАПЛЕНИЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 230 КИЛОГРАМИ ХЕРОИН-КОЛКУ ХЕРОИН ЗАПЛЕНИЈА МАКЕДОНСКИТЕ СЛУЖБИ?

Според официјални податоци на бугарското МВР и Агенција „Царини“ во првите пет месеци на 2018 г. се запленети 236 килограми хероин, 23 килограми кокаин, 408 килограми канабис и 101 килограм синтетичка дрога. Заменик министерот за внатрешни работи на Бугарија, Красимир Ципов пред околу месец ја информира бугарската јавност дека за 2017 г. на територијата на Бугарија се спроведени 4247 специјализирани полициски акции, проверени се 8093 училишта, расчистени се повеќе од 10 000 места каде што се собираат наркозависници, а за криминал поврзан со недозволена трговија со дрога се уапсени 7233 луѓе.

Како стојат на тоа поле македонските служби? Во годишниот извештај на МВР за 2017 година читаме дека, во 2017 година се откриени 552 кривични дела, од кои 464 „неовластено
производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ за што се пријавени 532 сторители и 88 кривични дела  „овозможување на употреба наркотични дроги“ за што се пријавени 97 сторители. Во рамките на овие кривични дела беа запленети: 510 килограми и 187 грама марихуана, еден килограм и 401 грам хероин, 263 грама кокаин, 388 стебла, 196 парчиња и 104,3 грама семки од растението „канабис сатива“, 1.187 таблети и 13,36 грама екстази, 1.115.419 таблети и 180,3 грама амфетамин, 27,25 грама метаамфетамин, 18,4 грама опиум, 209,2 грама хашиш, 598,33 милилитри хашиш-смола, 129 милилитри метадон, 519,3 грама мешавина од кофеин и парацетамол и 10 парчиња бупренорфин.

Од овие податоци станува јасно дека во 2017 бил запленет малку повеќе од половина тон марихуана и само 1, 4 кг хероин. Што ќе се случи ако дојде до промена во законите и марихуаната биде легализирана и декриминализирана? Дали тогаш МВР ќе треба да се „вади“ со запленетите скромни количини на синтетички дроги, бидејќи како што убаво може да се види, на полето на хероинот и немаат некаков поголем удар. Целиот извештај можете да го погледнете овде.

Еве што покажуваат резултатите на пребарувањето: „МВР заплени хероин“ во делот за вести на GOOGLE:

 

 

Слични Објави