| |

КОЈ ГО ИЗБРКА Д-Р ХРИСТО ТАТАРЧЕВ ОД „СЛОБОДНА“ МАКЕДОНИЈА?

Д-р Христо Татарчев е историска личност, за која малку се знае во Република Македонија. Тој е првиот челник на Организацијата, чиешто прво име може да го пронајдете во уставот од 1896 година, која подоцна ќе го крене Илинденското востание и ќе ја тресе Европа во периодот помеѓу двете светски војни.

Христо Татарчев е роден на 16 декември 1869 г. во Ресен. Потекнува од богато и просветено семејство. Неговиот брат Михаил Татарчев, исто така, бил припадник на Организацијата. Х. Татарчев бил доброволец во Српско-бугарската војна (1885), а во 1892 г. го завршува своето високо медицинско образование во Цирих и започнува да работи како лекар во Солунската егзархиска машка гимназија. На 23 октомври 1893 г. заедно со уште петмина интелектуалци од Македонија ја создава Организацијата.

Потенцирав дека Татарчев потекнува од богата и просветена фамилија. Тоа, мои драги пријатели, не е грев. Исто така, не било грев во 1892 година да се биде со лекарска диплома од Цирих. Ви звучи елитарно? Па елита биле нашите предци и идеолошки учители. Учеле, работеле, се бореле и оставале нешто позади себе. Да, не кревале протести и не расипувале машини како некои други „интелектуалци“, но сепак останале запишани во историјата. Кревале револуции со своите дела и не се плашеле да заземат свој став.

Мене лично ми пречи фактот што со леснотија ја забораваме нашата аристократија, а Татарчев е токму од неа дел. Немаме многу такви историски личности, па затоа да бидеме малку себични и да не оставаме туку така да останат само имиња во старите книги. Би било добро да научиме од нив и нивните методи да ги пресликаме во денешно време во согласност со сегашните средства и услови. Само така, револуцијата нема да згасне. Борбата за подобра и побогата иднина (во секоја смила на зборот) треба да се води секој ден преку макотрпна работа. (целиот напис прочитајте го на www.conservative.mk)

Слични Објави