ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА СЕ ТРЕСЕ ОД „РЕКЕТ“ ФРАНЦУЗИ ДОНИРААТ УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА ДЕЦАТА ОД КРИВА ПАЛАНКА
Oколу 800 Французи вчера пристигнаа во Крива Паланка како дел од 6-то издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа. Тие беа гости на франкофонскиот музички хепенинг, што се одржа во дворот на ООУ „Јоаким Крчовски“, а беше подготвен од учениците од школото.
Во рамки на Еуроп-Раид 2019, 260 екипажи со возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе училишна или спортска опрема: училишни торби, тетратки, моливи, топки, играчки … за да им помогне на децата кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.