ГДУ-ОХРИД: ДО КОГА СДСМ И ДУИ ЌЕ СЕ ПАЗАРАТ ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА НА ШТЕТА НА ОХРИЃАНИ?
„Во изминатиот период алармиравме за пазарењата на релација ДУИ-СДСМ, на кои како изминува времето им паѓаат маските или поточно сами си ги тргаат. За жал, целокупните интриги, манипулации, договори под маса и на хартија одат на штета на сите охриѓани, а најмногу на младината која се помасовно се иселува, токму поради вакви валкани игри, токму поради вакви вработувања од партиски каратктер каде компетентноста и способноста немаат никаква улога, а додека партиската книшка е најмоќна. Охрид се повеќе се приближува на врвот како град без иднина, а тоа наместо да се запре упорно се спроведува од локалната власт, која е само маша на централната.
Во неколку наврати се споменува Тунтев во Охрид кој добро го наплати својот ангажман, а сепак граѓаните кои ги лажеа за европски Охрид некако брзо ги заборавија. Тука има место и „европскиот“ градоначалник кој не дозволува прашања од новинарите, нели кои се тие па да нему да му поставуваат прашања.
Градоначалниче, не сте избрани за да прочитате два реда напишан прес и да се криете, туку да давате одговори за тоа што сте избрани!
За концесиите ќе почекаме да добиеме одговор и за наплатата на диво, нели сепак има поважни работи; коалициониот партнер се разоружа, па немаме време за банални работи. Но само да ве потсетиме дека доколку не давате одговор, оставате сомнеж дека и те како имате удел во наплатата на црно.
И за крај никако да се промени стратегијата со партиските книшки, тоа што го правеше ДПМНЕ , СДСМ го продолжи со засилено темпо.
Искрено се надеваме дека некој ќе преземе одговорност за новите тврдења на Нефи Усеини и неговите списоци и во најскоро време очекуваме сериозно да се испита како се вработувало во Охрид изминатиов период.
ГДУ и нашите сограѓани знаеме како се вработувале, но дали државните институции ќе проработат конечно и ќе ги преземат соодветните чекори останува да видиме“, се вели во соопштението на локалниот клуб на политичката партија ГДУ-Охрид.