| |

Софиската филхармонија ја отвори новата сезона со солистички концерт на светски познатата пијанистка Хатија Буниатишвили

Софиската филхармонија на 3 септември ја отвори новата сезона со целосно распродаден концерт, на кој солист беше светски познатата пијанистка Хатија Буниатишвили. Таа под диригентската палка на Најден Тодоров, го изведе Првиот концерт за пијано на Чајковски, јавува БНТ.

Буниатишвили, која е меѓу најпрепознатливите современи пијанистки, вели дека во музиката ја наоѓа слободата што не може да ја пронајде на друго место.

„Без оглед на расположението во кое сум, тоа исчезнува во моментот кога ќе почнам да ги свирам нотите. Тоа е моќта на големите композитори – тие те привлекуваат и ти даваат насока“, вели Буниатишвили.

Пијанистката е позната и по својот впечатлив сценски изглед, но нагласува дека нејзиниот стил е поврзан со личното чувство и различните периоди од животот, а не со настапите.

За Буниатишвили музиката претставува простор на неограничена имагинација и можност преку интерпретацијата да се создаде заедничка приказна меѓу изведувачот, композиторот и публиката.



Слични Објави