ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА СЕ ОЧЕКУВА НАСКОРО ДА БИДЕ РЕГИСТРИРАНА И ВО ЕУ
Германија сè уште има голем број на заразени со коронавирус, што не дозволува постојните мерки да бидат укинати и животот да се нормализира, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Тој рече дека за нормализација на животот ќе придонесе и вакцината на АстраЗенека, која се очекува наскоро да биде регистрирана и во ЕУ.
По денешното одобрување во Велика Британија на вакцината за коронавирус, развиена од Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека, Шпан рече дека очекува „темелна и брза обработка на регистрацијата од надлежното тело во Европската унија, за да може вакцината да биде воведена во Унијата“.
Германија досега има регистрирано 1,69 милиони случаи на коронавирус и 32.267 смртни случаи од Ковид-19.