Пловдив ја пречекува Националната опера и балет на Северна Македонија
Националната опера и балет на Северна Македонија вечерва гостува во Пловдив со „Госпоѓиците од Авињон“ во Домот на културата „Борис Христов“. Спектаклот на кореографката Олга Панго е инспириран од истоимената слика на Пикасо, посветена на неговите музи куртизанки. Иако е поставен како модерен, тој ги носи основните елементи на класичниот балет.
Претставата ја содржи авторската музика на Калиопи Букле, која користи инструменти и музички мотиви од целиот свет.
Тоа е атрактивно и космополитско патување кое го задржува вниманието на публиката од првата до последната сцена. Чувството за космополитизам го зајакнува и авторската музика на Калиопи Букле, која користи инструменти и музички мотиви од целиот свет.
Користени се сценографски елементи од операта „Змејова невеста“ на сценографот Валентин Светoзарев.
Учествуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Накевска, Мирослав Митрашиновиќ, Валаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендрју Кук.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија.
