| |

По бугарскиот кран, доаѓа и првиот грчки дипломат

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска и утре во Скопје ќе има средби со неговиот македонски колега Никола Димитров, со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот Бујар Османи, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Коѕијас нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, а тоа, како што велат во кабинетот на шефот на државата, не било ни побарано од грчка страна.
Грчкиот министер за надворешни работи треба да пристигне попладнево околу 18 часот на Меѓународниот аеродром Скопје со директен лет од Атина, по пауза од 12 години.

Грчките медиуми објавуваат дека по разменетите нацрт-спогодби, преговорите за името влегуваат во клучна фаза. Најспорни точки меѓу Атина и Скопје се грчкото барање за промена на македонскиот устав, спектарот на употреба на новото име, но и идентитетот. Од македонска страна, пак, како што објави МИА, повеќепати беше нагласено дека треба да се најде достоинствено решение за името со почитување на идентитетот, без промени на Уставот.

 

Слични Објави