| |

ЕВРОПА: РАКЕТНИТЕ ПРОБИ НА СЕВЕРНА КОРЕЈА ВЛИЈААТ НА РЕГИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Германија, Франција и Велика Британија остро ги осудија десетината проби на балистички ракети кои ги извела Северна Кореја.

Европските земји го повикале Пјонгјанг да се ангажира суштинските преговори со САД за својата нуклеарна и ракетна програма. На Советот за безбедност на ОН е наведено дека тие проби ја загрозуваат регионалната безбедност и ги кршат едногласно усвоените резолуции на Советот за безбедност на ОН, пренесува „АП“.

Овие три земји издале заедничко соопштение а германскиот амбасадор во ОН Кристоф Хојзен, на состанок зад затворени врати го известил Советот за безбедност за примената на санкции кон Северна Кореја.

Во соопштението, Северна Кореја е повикана да преземе конкретни мерки во новите преговори со САД со цел откажување од своето оружје за масовно уништување и ракетни системи на целосно проверлив начин.

Дипломатските напори главно се во застој откако вториот самит помеѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун во февруари доживеаја неуспех, пренесува „АП“.



Слични Објави