| |

ШОФЕРОТ… ГЕРОЈОТ

Младиот Величко имал проблем со алкохолот… го спасиле едни интересни луѓе, мангупи. Го примиле во нивното друштво и станал човек на место, со сите 5-ки како што се вели. Му гласале доверба и тој не ја изневерил. Влегол во една „игра“ од која нема пензионирање, еднаш комита, засекогаш комита. Можеби за да се спаси од минатото на испиеното вино, дури го променил и своето име во Владо… па си рекол додека Македонија е распарчена ќе се викам Черноземски, исто како црната земја во која се заљубил и за која знаел дека го повикува.

Владо знаел дека нема да го заврши својот земен пат во мир, и онака фанатички одел кон подвигот. Денеска или утре, куршумот што бил излеан за него ќе го стигнел, камата што била наточена за него ќе го погалела. Според сведоштвата на неговата внука Христина (ќерка на неговиот брат Атанас), Владо Черноземски им велел на своите пријатели и роднини, да не одат близо до него, бидејќи во секој момент очекувал да биде убиен. Куршумот во исто време бил негов другар и гробар. Така стојат работите кога во приказната има комитска „жичка“.

Дали бил Владо Черноземски терорист? Да!!! За Македонија вреди и да те запишат во историјата како таков. Дали бил фанатик? Да!!! Фанатична била неговата лојалност кон Организацијата и неговата втора мајка Македонија.

Денеска се навршуваат 84 години од подвигот на Шоферот. Прочитајте за Владо. Ќе чуете многу работи за него и за неговиот претпоставен. Секако вистината е една и таа треба да нè прави горди, оти имало еден маж од Каменица, Велинградско, кој на цел свет му покажал дека Македонецот ропство не трпи. Еден шофер, кој ни покажа како умират героите.

Автор: Батко Тане

Слични Објави