| |

ПО ИНИЦИЈАТИВА НА ГДУ. ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БАРААТ 12 ПРАТЕНИЦИ

12 пратеници  од  помалите политички партии   се со  иницијатива за промен на Изборниот законик. Наместо сегашните 6 , предлгаат Македонија да биде 1 изборна единица, нешто , кое ГДУ на Петар Колев го предлага веќе подолго.

„Уште од самото основање на ГДУ првиот фундамент за кого што ние кажавме дека ќе се бориме ако ја добиеме довербата од граѓаните е промената на изборниот модел. Не само Македонија да има изборни единици тука да има отворени листа. Бидејќи со отварањето на листите политичката лојалност ќе се промени и ќе дадат можност да дадат одговорност пред нивните гласачи“,изјава Петар Колев, прет. на ГДУ  

Македонија 1 изборна единица  е демократска предност  за сите, смета и  Стојанче Ангелов од Достоинство

 „Точно така тоа е едно од главните причини со што во една изборна единица ќе се види реална волја на македонските  гласачи но верувам дека ќе дојде до демонополизација на најголемите политички партии “Стојанче Ангелов, прет. на Достоинство

Доколку иницијативата на споменатите 12 пратении и помалите партии успее, тоа ќе значи дека најмалку 4-5  помали партии во парламентот ќе имааат од 1 до 4 пратеници што пак истовремено ќе значи голема промена на соодност помеѓу партиите. Сегашниот партиски бипол ќе биде разбиен во  донесувањето на клучните одлуки ќе учествуваат и помалите партии.

Освен поголема демократија,  Македонија 1 изборна единица ќе значи и живот за помалите кои со години се приврзоци  на големите партии без притоа да имаат можност за поинакво мислење.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави