ПО МАЈК ТАЈСОН УШТЕ ЕДЕН ПОРАНЕШЕН ШАМПИОН СЕ ВРАЌА ВО РИНГОТ

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Американецот Ивандер Холифилд, потврди дека се враќа на рингот.

Педесет и седумгодишниот боксерски шампион ќе одрабои неколку ревијални натпревари.

Шампионот се врати. Би сакал да објавам дека ќе се вратам во рингот. Ќе боксувам во ревијални мечеви за големо дело, изјави Холифилд за порталот „ТМЗ“ кој објавува информации за познатите личности.

Претходно, 53-годишниот Мајк Тајсон исто така ја објави својата желба да ја продолжи кариерата во боксот за да учествува во добротворни борби.

Извор: Спорт1

Слични Објави